Реклама

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Прилози

Извештај за работата на Собранието – Гаши задоволен, апелира на конструктивна опозиција

Да се избегнат блокади во Собранието и да се заборави на навиките од минатото. За законите треба да се дебатира во Парламентот и да се поднесуваат амандмани, со крајна цел тие да станат подобри, вели претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, по повод најавената блокада на опозициските пратеници на претстојната седница закажана за 10 јуни, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се избегнат блокади во Собранието и да се заборави на навиките од минатото. За законите треба да се дебатира во Парламентот и да се поднесуваат амандмани, со крајна цел тие да станат подобри, вели претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, по повод најавената блокада на опозициските пратеници на претстојната седница закажана за 10 јуни, на која ќе се претстави предлог-законот за правична застапеност.

Овој закон ќе треба да го замени балансерот, кој пред две години беше укинат од Уставниот суд.

Изјава Африм Гаши – претседател на Собрание

Реклама

Што се однесува до блокади, не мислам дека тоа е начин да дојдеме до поквалитетни закони, ако ние целт поквалитетни закони. Можеме да дебатираме да предлагаме, еве имаме свикано јавна дебата по овој закон. Да ги слушнеме експертите, правниците, ајде да го подобриме законот, а не да блокираме. Но, сепак, како да не можеме да останеме имуни на навиките од минатото. Можеби ќе ни треба повеќе време за зголемување на политичката култура. Јас ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за одобри закони, вели Гаши.

Спикерот го презентираше отчетот на тоа што законодавниот дом го има сработено во изминатите две години, посочувајќи дека со помал број на седници, донесени се поголем број на закони, со што е подобрена ефикасноста на оваа институција.

Се разбира две години не се доволни за да се исполнат сите цели, пред на има уште многу работа, уште многу реформи, што мора да се продлабочат и уште очекувања на граѓаните што трба да се исполнат. Но, цврсто верувам дека поставивме стабилни темели, врз кои можеме да продолжиме да градиме. Во ова двегодишно патување уште подобро разбравдека институциите не мжат да бидат зајакнати од поединец – изјави Гаши.

Според официјалниот извештај, во овој двегодишен период биле одржани вкупно 196 пленарни седници, усвоени се 710 акти и реализирани се 29 седници посветени на пратенички прашања, од кои 16 редовни. На меѓународен план, Собранието забележало 212 билатерални и 48 мултилатерални активности.

Срѓан Ивановиќ