Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Извештај за работата на Собранието – Гаши задоволен, апелира на конструктивна опозиција

Да се избегнат блокади во Собранието и да се заборави на навиките од минатото. За законите треба да се дебатира во Парламентот и да се поднесуваат амандмани, со крајна цел тие да станат подобри, вели претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, по повод најавената блокада на опозициските пратеници на претстојната седница закажана за 10 јуни, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се избегнат блокади во Собранието и да се заборави на навиките од минатото. За законите треба да се дебатира во Парламентот и да се поднесуваат амандмани, со крајна цел тие да станат подобри, вели претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, по повод најавената блокада на опозициските пратеници на претстојната седница закажана за 10 јуни, на која ќе се претстави предлог-законот за правична застапеност.

Овој закон ќе треба да го замени балансерот, кој пред две години беше укинат од Уставниот суд.

Изјава Африм Гаши – претседател на Собрание

Реклама

–Што се однесува до блокади, не мислам дека тоа е начин да дојдеме до поквалитетни закони, ако ние целт поквалитетни закони. Можеме да дебатираме да предлагаме, еве имаме свикано јавна дебата по овој закон. Да ги слушнеме експертите, правниците, ајде да го подобриме законот, а не да блокираме. Но, сепак, како да не можеме да останеме имуни на навиките од минатото. Можеби ќе ни треба повеќе време за зголемување на политичката култура. Јас ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за одобри закони, вели Гаши.

Спикерот го презентираше отчетот на тоа што законодавниот дом го има сработено во изминатите две години, посочувајќи дека со помал број на седници, донесени се поголем број на закони, со што е подобрена ефикасноста на оваа институција.

–Се разбира две години не се доволни за да се исполнат сите цели, пред на има уште многу работа, уште многу реформи, што мора да се продлабочат и уште очекувања на граѓаните што трба да се исполнат. Но, цврсто верувам дека поставивме стабилни темели, врз кои можеме да продолжиме да градиме. Во ова двегодишно патување уште подобро разбравдека институциите не мжат да бидат зајакнати од поединец – изјави Гаши.

Според официјалниот извештај, во овој двегодишен период биле одржани вкупно 196 пленарни седници, усвоени се 710 акти и реализирани се 29 седници посветени на пратенички прашања, од кои 16 редовни. На меѓународен план, Собранието забележало 212 билатерални и 48 мултилатерални активности.

Срѓан Ивановиќ