Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Свет

Израелската војска тврди дека нема глад во Газа и објави дека ќе отвори коридори за достава на помош

Израелската војска објави пауза во воени активности во три области во Газа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелската војска објави пауза во воени активности во три области во Газа, набргу откако соопшти дека презела неколку чекори за олеснување на хуманитарната криза.

Паузата, која ќе го опфати и градот Газа, ќе трае од десет до 20 часот.

Египетските медиуми објавија дека камиони со помош тргнале од Египет кон Газа, што следува по неколку месеци меѓународен притисок и предупредувања од хуманитарните организации дека глад се шири низ палестинската енклава.

Реклама

Израел, исто така, соопшти дека почнал да исфрла пакети со помош од воздух.

„Сакаме да нагласиме дека нема глад во Газа. Тоа е лажна кампања промовирана од Хамас. Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации се одговорни за дистрибуција на храна до населението во Газа, и тие треба да осигураат дека помошта нема да стигне до Хамас“, објавија Израелските одбранбени сили.

Десетици жители на Газа починале од неухранетост во изминатите недели, според Министерството за здравство на Газа.

Вкупно 127 луѓе, од кои 85 деца, починале од глад од почетокот на војната.