Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Израел тврди: Aјатолахот Хaмнеи е мртов, Иран демантира и зборува за психолошка војна

Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот врховен верски лидер, Али Хaмнеи, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот врховен верски лидер, Али Хaмнеи, е мртов, но за тоа засега нема официјална потврда од Техеран. Според израелските медиуми, неговото тело наводно било пронајдено во урнатините на резиденција во главниот град.

Информацијата ја пренесоа неколку светски медиуми, меѓу кои „Ројтерс“ и „Фокс њуз“, повикувајќи се на израелски извори. Израелскиот „Канал 12“ објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху му била презентирана фотографија од телото на Хaмнеи.

Наводно, резиденцијата на врховниот лидер во Техеран утрово била срамнета со земја, а иранските власти го пронашле телото под урнатините. Сепак, од иранска страна следува демант.

Реклама

„Непријателот води ментална и психолошка војна и сите треба да бидат свесни за тоа“, изјави раководителот за односи со јавноста во кабинетот на врховниот лидер, пренесуваат иранските државни медиуми.

Иранската новинска агенција „Тасним“ објави дека седум ракети погодиле област во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот лидер, а сателитските снимки покажуваат сериозни оштетувања на објектите.

Неколку часа подоцна, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека врховниот лидер и претседателот на земјата се живи и неповредени. „Сите се безбедни“, изјави портпаролот на министерството.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја искористи, како што рече, „историската можност за промени“, додавајќи дека судбината на врховниот лидер останува нејасна.