Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Свет

Израел го потврди нападот во бегалскиот камп, во кој десетици загинаа а стотици се ранети

Најмалку 50 лица загинаа, а околу 150 се повредени во нападот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 50 лица загинаа, а околу 150 се повредени во нападот на бегалскиот камп Џабалија, на периферијата на градот Газа. Директорот на болницата во која беа однесени жртвите, ја потврди ужасната слика, но не даде точни бројки.

„Примивме голем број ранети и убиени во страшното гранатирање на Израел врз цивилните населби во бегалскиот камп Џабалија“, изјави директорот на болницата во Газа.

Одговорноста за нападот го презедоа израелските воени сили, наводно, со цел да го елиминираат, клучниот командант на Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври. 

Реклама

„Пешадијата и оклопните сили го нападнаа Хамас во западниот дел на Џабалија. Го елиминиравме терористот Ибрахим Биари. Во операцијата убиени се и многу други терористи кои се криеја со него во зградата и подземниот простор“, вели Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.

Меѓудругото, ИДФ соопшти дека во Газа загинале и 11 војници, сите на возраст од 19 и 20 години, што се најголемите загуби за нивните сили во еден ден откако почна војната.