Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Свет

Израел го нападна Хезболах во Либан, дрон погоди британска база на Кипар

Израелската војска соопшти дека Хезболах е целосно одговорен за ескалацијата, откако меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелската војска соопшти дека Хезболах е целосно одговорен за ескалацијата, откако меѓу двете страни владееше примирје од 2024-та година. Либанското Министерство за здравство информираше дека во израелските напади загинале 31 лице.

Изутринава се огласија сирени за тревога и во Тел Авив и Ерусалим, најавувајќи нови ирански воздушни напади. Светските новински агенции известија за нови експлозии и во Доха, Бахреин, Дубаи и Кувајт, каде што има американски воени бази, а чад се издига од областа каде што се наоѓа американската амбасада во Кувајт.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британска воена база на Кипар била нападната со дрон, при што била предизвикана минимална штета и немало загинати. Истрагата е во тек за да се утврди од каде бил лансиран дронот.

Реклама

„Нашите вооружени сили околу полноќ реагираа на напад со беспилотно летало врз базата на Кралските воздухопловни сили Акротири на Кипар“, соопшти Британското Министерство за одбрана.

Нападот врз оваа база се случи неколку часа откако Велика Британија им дозволи на САД да ги користи британските воени бази за напади врз Иран. Британија досега не беше директно вклучена во американско-израелските напади, но премиерот Кир Стармер синоќа изјави дека пристапот на Иран ги ставил во опасност животите на Британците, што довело до одлуката да им се дозволи на САД да користат две британски воени бази.