Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Излезеноста до 15 часот 31,16 проценти, ист одзив има и во Град Скопје

Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот изнесува изнесува 31,16…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот изнесува изнесува 31,16 проценти, а иста излезеност има и на гласачите во Град Скопје. Како што информира на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Радица Тодоровска Алексовска до направениот пресек во 15 часот пристигнати се податоци од 3167 избирачки места. 

Таа истакна дека процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците изнесува 91,16 проценти. Вкупен број на запишани избирачи во избирачките места од кои пристигнале овие податоци е 1 653 213 гласачи, а вкупниот број избирачи кои гласале во избирачките места од местата од кои ДИК добила податоци е 515 069.

Најголема излезеност до 15 часот е регистритрана во Берово 40,14 проценти, Богданци 39,57 проценти, Валандово, 35,88, Гевгелија 35,78, Градско 37,12, Дебрца 43,43, Демир Капија 46,65, Дојран 48,88, Зелениково 41,34, Кратово 42,35, Крушево 47,47, Лозово 47,32, Македонски Брод 48,21, Новаци 52,84, Пробиштип 45,12, Росоман 46,46, Старо Нагорачане 43,48, Чашка 53,19 проценти.

Реклама

Најмала излезеност е регистрирана во Центар Жупа 17,12 проценти, Радовиш 24,24, Маврово и Ростуше 20,14, Гостивар 20,95 и Врапчиште 14,94 проценти.

Во Град Скопје до 15 часот процентот на избирачи кои што гласале изнесува 31,16. По општини во Аеродром излезеноста е 31,50 проценти, Бутел 33,10, Гази Баба 27,82, Ѓорче Петров 30,11, Карпош 33,37, Кисела Вода 31,58, Сарај 36,33, Центар 34,40, Чаир 35,30 и Шуто Оризари 21,99 проценти.

Досега во ДИК не пристигнале никакви приговори во насока на неправилностите и гласачите непречено го остваруваат своето право на глас.

Тодоровска Алексовска информираше во избирачко место 2607 во Карпош е преминато кон гласање со УВ ламба, поради тоа што дошло до заглавување на СИМ картичката во уредот за биометриска идентификација на гласачите. ДИК, поради тоа донела одлука во ова избирачко место да се продолжи гласањето на стариот начин. Таа увери дека граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето избирачко право на тоа избрачко мести и потсети дека на минатите избори имало шест вакви случаи.