Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Училиштата ги оставаат отворени вратите за упис на првоодделенчиња до крајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Училиштата ги оставаат отворени вратите за упис на првоодделенчиња до крајот на септември. Околу 1.300 првачиња помалку од лани годинава седнуваат во училишните клупи, а бројката не е конечна, затоа што во следните седум дена се очекуваат нови првачиња. Од Министерството за образование и наука велат дека доцнењето со уписите, но и намалениот број на раѓања како и иселувањето се дел од причините за намалената бројка.

„Оваа година за разлика од минатата имаме помалку 1300 првачиња. Во 2020 се намалиле раѓањата на 800 помалку раѓања што значи разликата е 500 првачиња. Освен на наталитет се должи и на иселување или на некои други несакани случувања.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Падот на бројот на првачиња, сепак, не може целосно да се објасни само со намалениот број на раѓања. Дел од одговорите надлежните ги бараат и во односот на родители. Иако постапката требаше да биде завршена порано, дел од родителите чекаат до последе ден за да  ги запишат своите деца во училиште.

Реклама

„Мене ми е жал што не се почитува доследно правилникот за упис на ученици во прво одделение. Веќе во мај – јуни требаше да бидат запишани и внесени во електронскиот дневник првачињата. Ние последниот ден од септември ќе вршиме уписи.“ – вели Јаневска.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во учебната 2018/2019 година во прво одделение биле запишани повеќе од 22.100 ученици. Лани бројот на запишани првачиња изнесуваше 17.921, што е намалување за повеќе од 4.000 ученици за седум години.

Паралелно со тоа, се намалува и бројот на живородени деца. Во 2020 година во Македонија се родиле 19.031 дете, додека во 2024 година бројот паднал на 16.061. Тоа е намалување од речиси 3.000 новороденчиња за четири години.

Последиците се чувствуваат директно во образовниот систем. Од оваа година се затвараат 26 рурални училишта, а бројот на паралелки е намален за околу 200 во основното и 100 во средното образование.