Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, рокот за донесување е 30 јуни

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат- рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и ако е потребно уште нешто, дополнително ќе се додаде. Ако не и ако сите страни се усогласат, тогаш ќе биде објавена и достапна за граѓаните. 

Thirrje publike për mbështetje financiare për ndërmarrjet mikro, të vogla dhe të mesme dhe zejtarët, me çka janë siguruar 11 milionë e 340 mijë denarë, ka publikuar sot Ministria e Ekonomisë

Моментно, како што напомена, во фокус е реформската агенда, за чие исполнување се ангажирани сите ресурси на Министерството.

Реклама

-По локалните избори овие месеци макотрпно и посветено работиме на реформската агенда. Сите ресурси што ги имаме во Министерството ги вложуваме во реформската агенда. Потрошувачката просечна кошничка е при крај, некои технички работи треба да се направат. Работните групи веќе работат на исполнување на чекорите, а крајниот рок е 30 јуни. Ја поделивме на сите членови на ЕСС, разгледана е од нивна страна. Критиките и забелешките што ги имаа, ги обработуваме. Кога ќе имаме следниот пат седница на ЕСС, по исполнување на чекорите на реформската агенда, ќе се фокусираме на тие забелешки, критики и предлози што ни ги дадоа да ги ставиме во потрошувачката кошничка. Ќе ги ставиме и тие и кошничката ќе биде достапна, објасни министерот.