Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Изет Меџити и Бајрам Вардар утре ќе го презентираат Мастер планот за Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во соработка со светски познатиот архитект г. Бајрам Вардар, утре ќе го презентира Мастер планот за Чаир, резултат на два месеци интензивна работа на екипа од експерти во областа на урбанистичкото планирање и архитектура, стои во партиското соопштение.

Овој Мастер план е подготвен со цел Чаир да се претвори во модел на одржлив развој и современ урбанизам во Скопје, одразувајќи ги современите потреби на граѓаните и историскиот, културниот и економскиот потенцијал на општината.

Г. Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој живее и работи во Турција, ја предводеше екипата на експерти при изработката на овој стратешки план. Вардар има импресивна кариера во урбаниот развој на неколку од најголемите турски градови, како Истанбул и Бурса и бил дел од блиската екипа на г. Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој беше градоначалник на Истанбул.

Реклама

Во експертската екипа меѓу другите членуваат и Надир Доган, урбанист дипломиран на Универзитетот “Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за просторни планови во голем обем за градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон, како и за бројни проекти за урбана трансформација.

Потоа, д-р Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, магистер на Универзитетот во Мисури (САД) и доктор по урбанизам. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата Saydam Tasarım, со над 800 меѓународни проекти во областа на архитектонскиот дизајн и визуализација.

Покрај нив, во екипата се вклучени и други експерти од Турција и земјава, кои работеа заедно со локални урбанисти и архитекти за да обезбедат сеопфатен и прилагоден пристап кон реалноста и потребите на Чаир.

Официјалната презентација на Мастер планот за Чаир ќе се одржи утре (5 октомври 2025) на јавен настан, на кој ќе присуствуваат граѓани, експерти од областа, медиуми и јавни личности.