Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„ИЗДРИЗОВО„ дефинитно се претвори во „Див Запад“: Запален службениот автомобил на директорот

Продолжува хаосот во затворот Идризово. Синоќа му го запалија службеното возило на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува хаосот во затворот Идризово. Синоќа му го запалија службеното возило на директорот на затворот Идризово Зоран Јовановски на паркинг во Кисела Вода зад економското училиште. Засега не се знаат мотивите, ниту дали директорот имал закани од некого и некакви информации за пожарот. Тој одбива да даде коментар за пожарот пред неговата зграда.

Од МВР излегоа со штури информации. Велат дека се работи на расчистување на случајот.
Немаме нови информации. Екипи на МВР направија увид и работат на расветлување на случајот. Засега нема да споделуваме информации што точно се презема, но доколку има нешто ново коешто може да се сподели со јавноста, ќе информираме
, велат од МВР.

Засега полицијата знае само дека синоќа три часа после полноќ било запалено службеното возило на директорт Јовановски кој го паркирал пред својот дом.

Реклама

Во пожарот бил зафатен и дел од фасадата на зградата и алат на балконите од долните катови. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада на Скопје и нема повредени.

Не е првпат да се опожаруваат возила на вработени во Идризово. Ланската година повеќе од 40 командири и чувари од Идризово си заминале поради закани и уцени и заплажувања со опожарувања на возила.

Алфа неодамна објави дека во најголемиот затвор во државата има дефицит на кадар бидејќи вработените си заминуваат незадоволни од условите за работа. Дел од нив тврдат дека никој не ги заштитувал, а постојано се соочувале со закани по живот.

Минатиот месец, седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Шестмина од нив се во притвор, а останатите останаа без пасоши.

За хаосот во Идризово сведочат и двата тунели за бегство коишто беа за време на редовна контрола во затворот. Вториот тунел беше откриен пред повеќе од еден месец при претрес на обвинителството за други кривични дела.

Најверојатно, во Идризово се спремало и големо бегство како во сценариото на филмот бегството во Шошенк.

Властите најавија дека тунелите ќе бидат бетонирани.

Повеќе од една година Обвинителството и МВР истражуваат кој стои зад копањето и дали се изведувало со знаење на затворскиот персонал.

Засега нема информации до каде е истрагата за тунелите.