Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Изборите минаа, Боки 13 се враќа во судница

Изборите минаа, сега ќе може да се слушне вистината на Боки 13…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборите минаа, сега ќе може да се слушне вистината на Боки 13 за највисокото раководство на СДСМ. Откако стартот на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ од први беше одложено за 21 јули, Јовановски и уште тројца обвинети на шест дена по изборите повторно ќе седнат во судските клупи.

Во јавноста постојат сомнежи дека судот намерно го темпираше одложувањето за по изборите, пред се откако Бојан Јовановски во судница кажа рекетираните пари во Македонија да се бараат кај браќата Заеви.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија и донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, кажа Јовановски по изрекувањето на пресудата за „Рекет“.

Реклама

По пресудата од 9 години затвор Боки 13 најави и почна да поднесува кривични пријави против највисоки функционери од власта, членови на нивните семејства, како и бизнисмени. Во медиумите се појавија имиња на предложени сведоци од страна на Јовановски. Меѓу нив неколкумина се од семејството Заеви, техничкиот премиер Оливер Спасовски, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Сања Лукаревска, Горан Сугаревски, Петре Шилегов и многу други. Никој од нив се уште не бил повикан да сведочи во предистрага. Адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски за Алфа вели прво неговиот клиент ќе даде исказ за сите кривични пријави, па потоа ќе бидат повикувани сведоци.

-Се договоривме со обвинителот прво да се комплетираат сите пријави, па потоа да се започне со дејствија на Јавното обвинителство. Нема викнати сведоци во предистрага, вели за Алфа Дукоски.

Боки 13 најави дека во текот на судењето за „Меѓународен сојуз“ ќе открие детали за криминали сторени од највисоки функционери од СДСМ. Во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, но и во судница за време на судењето за „Рекет“ беше откриено дека Јовановски имал честа комуникација со највисоки владини функционери, нешто што тие сакаа да го сокријат.

-Во домот на Бојан Јовановски дојдоа Радмила Шеќеринска и Катица Јанева. Посетата беше куса и тие брзо си заминаа. Кај него дома сум ги видела и Кирацовски и Стефан Богоев. Во друга прилика беа дојдени и Орце Камчев заедно со Зоран Милевски – Кичеец и уште едно лице, кажа во Судот Драгана Колевска на 27 декември 2019-та.

Судот го одби барањето на обвинетата Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска. Обвинети за „Меѓународен сојуз“ се и таткото на Боки13, Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска.

Матеја Петровски