Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Избори за ректор на УКИМ , тројца професори кандидатурите ги ставија во мирување

Хаос на изборите за ректор на УКИМ. Од потврдените седум кандидати на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаос на изборите за ректор на УКИМ. Од потврдените седум кандидати на Универзитетската изборна комисија  денеска студентите и професорите  можеа да гласат само за 4-ца од нив. Тројцата кандидати  Атанасов, Живковиќ и Димитриевски  решија да не учествуваат на овие избори затоа што сметаат дека се недомокраски и неакадемски.

Не се работи за никаков бојкот  туку нашето учество во изборите го оставаме во мирување како што и беа кажувањата на антикорупциската комисија. Не сакавме да учествуваме во нелигитимни избори независно од кажувањата на антикорупциска и предходните дејствија не одеа во прилог на позитивните законски прописи, законот за високо образование статутот и другите акти. Во голема мера се стави сенка на демократскиот избор, нетранспарентност  итн вели проф. Живковиќ.

И покрај ваквото противење на речиси половина од канидатите, со што се фрла сомнеж за нелегалност и нелегитимност  на процесот, комисијата си ги одржа изборите како што беа планирани. На изборниот лист за ректор се најдоа универзитски професорите Јанкуловски, Ацевски, Василевски и Димитров.  Во 22 од 23 единици на УКИМ гласањето заврши во мирна атмосфера и без инциденти и своето право можеа да го остварат околу 1500 гласачи. Гласање немаше само на Факултетот за драмски уметности.

Реклама

На прашањето дали со ставањето на кандидатурата во мирување му отвараат простор на Јанкуловски за реизбор или победа на останатите тројца кандидати професорот Живковиќ вели дека во противзаконски избори не се остава никаков простор.

Не се остава никаков простор бидејќи ние не зборуваме за простор каков што они зборуваат. Ние зборуваме за простор кои треба легитимно да се направи.  Нивниот простор е нелегитимен и ние во такви игри не сакаме да учествуваме трвди професор Живковиќ.

Независниот акдемски синдикат ги повика колегите од академската заедница на УКИМ да не учествуваат во изборите за ректор.

Викторија Миткова