Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Иванов: Позитивни економски показатели и зголемена поддршка за земјоделството

„При донесување на Буџет или при ребаланс на Буџетот којшто треба да влезе во Собрание секогаш има анализи, дебати има политика, има популизам има предвидување којшто нели опозицијата секогаш не верува дека ќе се реализира предвиденото од страна на Владата во делот на економијата, меѓутоа имаме извештај од Светска банка во којшто има утврдени параметри […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„При донесување на Буџет или при ребаланс на Буџетот којшто треба да влезе во Собрание секогаш има анализи, дебати има политика, има популизам има предвидување којшто нели опозицијата секогаш не верува дека ќе се реализира предвиденото од страна на Владата во делот на економијата, меѓутоа имаме извештај од Светска банка во којшто има утврдени параметри за функционалноста на Владата и справувањето со економијата. Стабилизирање на инфлацијата и во инвестицискиот циклус потпомогнат од страна на унгарскиот кредит и на крајот има еден сублимат и предвидување за економскиот раст и за јавниот долг во кој правец се намалува и за инвестициите“, истакна Душко Иванов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Иванов меѓу другото се осврна и на поддршката за земјоделците и тутунопроизводителите, посочувајќи дека во изминатите две години биле исплатени повеќе средства за субвенции отколку во периодот 2021-2023, и дека истовремено е забележан значителен раст на производството на тутун.

„Во 2024 и почетокот на 2025 оваа Влада исплаќаше субвенции за 2021, заостанати 2022, 2023, сега се исплаќаат субвенциите за 2025 година за земјоделците. 2021, 2022 и 2023 година директни плаќања и поддршка на програмата за рурален развој 14 милијарди денари, за две години има исплатено околу 15 милијарди денари или една милијарда повеќе. Кај тутунопроизводителите во тој период за три години имало производство 16, 17, 18 милиони килограми тутун сега има 26-28 милиони килограми тутун“, рече Иванов.

Реклама

Иванов меѓу другото оцени дека Владата успешно се справила со предизвиците од ценовните шокови на светските пазари и дека со преземените мерки е ублажено влијанието врз граѓаните и економијата.

„Сметам дека Владата направи се што можеше и тоа е видливо, тоа го чувствуваме сите граѓани во Република Македонија. Независно ценовните шокови коишто беа со нафтената преса, Владата презема одредени чекори, ја стабилизира цената во рамките на своите можности и успеа да задржи некаква цена којашто ќе можат граѓаните и ќе имаат можност да го користат дериватот затоа што тоа е најпотребен и во економијата и од страна на граѓаните и сепак тоа е една спирала којашто мислам дека со таквите потези Владата успеа да ја намали во делот на инфлацијата“, дециден е Иванов.