Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Истражување: Расте довербата во Собранието и институциите, како и перцепцијата дека државата се движи во добра насока

Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволството на граѓаните од работата на Собранието бележи континуиран раст трета година по ред, покажува најновото истражување на Швајцарската Програма за парламентарна поддршка, насловена „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Македонија (2026)”.

Граѓаните ја оценуваат работата на Собранието со средна оцена 2,7 на скала од 1 до 5 – во споредба со 2,5 во 2025 и 2,3 во 2024 година. И покрај позитивниот тренд, оценката и натаму останува под средната вредност, што укажува дека очекувањата од Собранието во претстојниот период остануваат високи.

Истражувањето покажува умерен раст на довербата на граѓаните кај најголем дел од институциите во последните две години. 

Реклама

Довербата во Собранието бележи раст – од 4,6 во 2025 на 4,8 во 2026 година на скала од 1 до 10. Највисока доверба граѓаните и натаму имаат во војската и верските заедници, со оцени од 6,0 и 5,9, додека судството и јавното обвинителство остануваат на дното со 3,5 и 3,6.

Надзорната улога на Собранието и натаму се издвојува како најслаба алка во перцепциите на граѓаните. Испитаниците почесто сметаат дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку што Собранието ефективно ја контролира извршната власт, а покрај пратеничките прашања ретко препознаваат други обиди за надзор. Ова укажува на потреба од поголема видливост, поефикасно користење и подобро комуницирање на надзорните механизми.

Позитивно поместување се забележува и во однос на перцепцијата за насоката во која се движи државата. Во последните две години расте уделот на граѓани кои сметаат дека животот во Македонија се движи во правилна насока – од 17% во 2024 година на 28% во 2026 година. Сепак, мнозинството граѓани, односно 51%, и понатаму сметаат дека државата се движи во погрешна насока, што покажува дека оптимизмот расте, но останува кревок.

Истражувањето „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Македонија (2026)“ е нарачано од Националниот демократски институт (НДИ), а теренски спроведено од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), како дел од Програмата за парламентарна поддршка, проект на Владата на Швајцарија, имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).