Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Прилози

Искуството и младоста обединети – Македонија со нови мерки за посилно волонтерство

Преку спојување на искуството и младоста до поперспективно општество. Владата најави низа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку спојување на искуството и младоста до поперспективно општество. Владата најави низа мерки за развој на сениорското волонтерство и поддршка на младите, со цел да се овозможи пренос на знаење и градење на меѓугенерациска солидарност. Скопје беше домаќин на првата регионална конференција за волонтирање. Во Македонија тоа е послабо застапено во споредба со регионот каде го има во повеќе индустриски гранки, од месната индустрија, па се до ИТ секторот. Спортското волонтерство е еден од најразвиените во Македонија. Трагедијата во Кочани ја покажа важноста и придонесот што посветените граѓани можат да го имаат во кризни ситуации.

Нашата идеја е да помогнеме во македонското општество и ќе ги искористиме ресурсите на луѓето кои се искусни“, изјави Нада Рочевска, претседател на Асоцијацијата за спорт и волонтерство.

Според извршниот директор на Конфедерацијата на европските услуги на сениорски експерти, на овој начин се промовира активно стареење, односно се одржува и менталното и физичкото здравје.

Реклама

Исмаел Паез Цивико, извршен директор на CESES:

„Причината зошто го организираме тука во Скопје за ова да ни биде почетна точка, да ја прошириме приказната за волонтерството во целиот Западен Балкан“, изјави Исмаел Паез Цивико.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, најави реформа на Законот за волонтерство по примерот на европските закони. Конференцијата  организира во рамки на прогласувањето на 2026 година како Меѓународна година на волонтерите за одржлив развој од страна на ОН.