Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Прилози

„Исчезна“ картата со Голема Албанија: Ахмети бил само гостин во Сопот, Османи вели спорниот музеј не бил на УЧК

Исчезна картата од Голема Албанија од музејот на УЧК во Сопот. Картата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исчезна картата од Голема Албанија од музејот на УЧК во Сопот. Картата пред која се поклони лидерот на ДУИ Али Ахмети, а предизвика бура реакции во јавноста. Како и кога ја снемало засега останува непознато. Нов момент е дека наводно ДУИ немале ништо со тој објект, Али Ахмети бил само поканет како гостин и присуствувал таму, барем според министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Не се работи за музеј на УЧК како што беше претставен, туку музеј кој што одбележува настани од 1944, кога се убиени, кога се убиени селани од Сопот во 44-та година. Господин Ахмети беше таму како гостин, како поканет гостин, така да сите прашања ќе треба да ги пратите до организаторите, изјави Османи.

Разногласие меѓу институциите има и околу тоа дали земјиштето каде што е изграден музејот е државно или приватно. Од Општина Куманово велат било на државата, од централната власт било приватно. Тоа прво ни го кажа премиерот Ковачевски, а сега и Османи, барем според она што тој го знаел.

Реклама

-Според мои информации, тие викаат дека тоа е семејно земјиште, семејството тоа го изградило, за да се одбележи со соселаните, изјави Османи.

Инаку, на отворањето на музејот со кој наводно ДУИ нема ништо, Ахмети испрати пораки дека во минатото имале желба Македонија да биде дел од Албанија без граници, но тие амбиции се промениле поради променетите политички околности. Сепак, реши да се пофали дека успеале Албанците да ги направат државотворен народ и господари во Македонија.

Матеја Петровски