Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Свет

Иран се закани со уште поуништувачка одмазда ако САД ги нападнат неговите електрани и мостови

Иран предупреди дека ќе изврши уште поуништувачка одмазда доколку Доналд Трамп ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран предупреди дека ќе изврши уште поуништувачка одмазда доколку Доналд Трамп ги оствари своите закани и ги нападне иранските електрани и мостови. Трамп прецизираше дека крајниот рок за отворање на Ормускиот теснец истекува во среда, во два часот по средноевропско време. „Доколку нападите врз цивилни цели се повторат, следните фази од нашите офанзивни и одмазднички операции ќе бидат многу поразорни и пошироко распространети“, соопшти Главниот штаб на иранската војска. Трамп му се закани на Иран со пекол ако не прифати договор и не го отвори Ормускиот теснец, клучна траса за извоз на нафта и гас од Блискиот Исток, која е затворена за најголемиот број бродови од почетокот на американско-израелските напади. И покрај заканите, Трамп вели дека САД и Иран преговараат и дека договор е можен. Сајтот „Аксиос“ објави дека американски, ирански и регионални преговарачи разговараат за условите за можен 45-дневен прекин на огнот, што би довел до траен крај на војната. Техеран бара целосен крај на непријателствата, а претседателот на иранскиот парламент ги осуди заканите на Трамп, велејќи дека е заведен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.