Иран ги предупреди земјите во регионот дека, во акт на одмазда, ќе ги нападне американските воени бази на нивните територии во случај ако САД го нападнат Иран.
„Техеран им кажа на регионалните земји, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран, и побара од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“, изјави висок функционер од Техеран.
Иран најави дека следуваат егзекуции на уапсените демонстранти, и покрај заканата од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе следува одмазда ако Техеран ги обеси. Во повеќедневните демонстрации низ иранските градови се убиени над 2.400 демонстранти, а над 18.000 се уапсени.

Претседателот Трамп вчера ги повика демонстрантите да продолжат со протестите во Иран, со порака дека „помошта е на пат“. Тој го предупреди Иран да не ги егзекутира демонстрантите и најави дека САД ќе преземат „силни мерки“ како одговор.
