Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лозани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Свет

Иран испрати нов предлог до САД за деблокада на Ормускиот теснец

Иран испратил нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран испратил нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната, додека разговорите за нуклеарната програма предлага да бидат одложени за подоцнежна фаза, објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјален претставник и двајца извори запознаени со преговорите.

Според предлогот, Техеран се обидува да го заобиколи најспорното прашање за нуклеарната програма, со цел побрзо да се постигне договор за отворање на теснецот и прекин на непријателствата.

Иранскиот план, според „Аксиос“, е доставен преку пакистански посредници и предвидува продолжување на прекинот на огнот на подолг рок или постигнување траен договор за завршување на војната, додека нуклеарните разговори би започнале дури откако ќе се деблокира теснецот и ќе се укине американската блокада.

Реклама

САД, пак, остануваат на ставот дека Иран мора да го запре збогатувањето ураниум и да се откаже од можноста за развој на нуклеарно оружје, што останува клучна точка на спор меѓу двете страни.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да одржи состанок со својот тим за национална безбедност во Белата куќа, на кој ќе се разговара за застојот во преговорите и за следните чекори на Вашингтон. Според американски медиуми, Трамп и натаму размислува за продолжување на поморската блокада врз Иран како средство за дополнителен притисок врз Техеран.

Дипломатската криза дополнително се продлабочи откако пропадна најавената средба меѓу американските претставници и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Исламабад. Трамп изјави дека го откажал патувањето на своите претставници, оценувајќи дека разговорите можат да се водат и телефонски, без нови дипломатски мисии.

Во меѓувреме, Арагчи пристигна во Санкт Петербург во официјална посета на Руската Федерација, каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со рускиот претседател Владимир Путин.