Иран и САД сè уште немаат постигнато конечен договор, но според ирански извори, разликите меѓу двете страни се намалуваат.
Како главни точки на спор се посочуваат збогатувањето на ураниум и контролата врз Ормутскиот Теснец.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат Иран да го задржи високо збогатениот ураниум и најави дека тој материјал ќе биде отстранет или уништен.

Преговорите продолжуваат, додека меѓународната јавност внимателно го следи развојот на состојбата.
