Реклама
Свет

Иран гори – нов бран напади насочени кон енергетските ресурси во земјата

Американската амбасада во Норвешка е погодена од експлозија, без повредени и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската амбасада во Норвешка е погодена од експлозија, без повредени и со непознат сторител, додека војната на Блискиот Исток се разгорува.

Нови напади го тресат Иран, а Израел и САД ја засилуваат офанзивата врз енергетските ресурси. Техеран предупредува на борба со сета моќ.

Напади се пријавени и во заливските земји, додека по инцидентите на Кипар, Италија ја испрати својата фрегата.

Реклама

Во исто време Кувајт, Дубаи, Бахреин и Саудиска Арабија пријавуваат ирански напади. Има и жртва и повредени откако фрагменти од ракети и дронови се урнале врз цивилни објекти.

Техеран соопшти дека „непријателот“ погрешно го протолкувал извинувањето на Иран до соседите и вети борба со сета моќ. Нагласија дека секоја точка што е потекло на агресија против Иран е легитимна цел.