Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека немало разговори со Соединетите Американски Држави во последните 24 дена, што директно ги побива тврдењата на американскиот претседател.
Портпарол на иранското Министерство нагласи дека немало директен контакт, и покрај сигналите за кои Техеран вели дека дошле преку трети земји.
Според државната новинска агенција Ирна, некои пријателски земји пренеле пораки дека Вашингтон побарал разговори со цел завршување на конфликтот, објавува Гардијан.
