Реклама
Свет

Иран ги вовлече и соседите во војната

Проектили, дронови, урнати авиони, загинати американски војнци, мртви државници и цивили –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектили, дронови, урнати авиони, загинати американски војнци, мртви државници и цивили – и по три дена војната во Иран не стивнува, а полека во конфликтот ги вовлекува и соседните земји во хаос. Експлозии се слушаат во речиси сите поголеми градови во Персискиот Залив, вклучувајќи ги Дубаи, Абу Даби и Доха. Во конфликтот се појави речиси унишетниот Хезболах, кој од Либан го рекетира Израел. Продолжуваат и бомбардирањата на американците и израелците низ целата територија на Иран, но и возвратниот оган од Иранската национална гарда. За прв пат дојде и информацијата дека во конфликтот има и загинати американски војници и урнати се три нивни авиони. Трамп вети одмазда.

„Претходно денес Сетком ја сподели веста дека тројца припадници на американската војска се убиени во акција. Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им го зададе најказнувачкиот удар на терористите кои водеа војна против цивилизацијата. Нашата решителност, а и онаа на Израел никогаш не била посилна“, изјави Доналд Трамп, Претседателот на САД.

Пет Хегсет, американскиот министер за одбрана изјави дека војната не ја започнал Трамп, но тој ќе ја заврши.

Реклама

„Ние не ја започнавме оваа војна, но под водство на Претседателот Трамп ја завршуваме. Нивната војна против Американците стана насша одмазда против нивниот Ајатолах и неговиот култ на смртта“, рече Пет Хегсет, американскиот министер за одбрана

Американците тврдат дека уништиле девет бродови и поморската зграда на иранската армија.  Иран возврати со силни ракетни напaди кон воени бази на САД и нејзините сојузници. За прв пат иранските проектили удрија во Турција, но и на европско тло. Погоедна е американската база во Илџирик, додека во европа, иранските проектили урдија врз британска воена база во Кипар. Токму поради тоа сакажаниот состанок на европксите лидери беше откажан.

Иран тврди дека го пробил и заштитниот чадор на Израел и ја погодил канцеларијата на израелскиот премиер Бењамин Нетањаху. Од Израел стигна демант на информацијата. Канцеларијата на Нетањаху не е погодена.

Иранската армија се пофали дека успеале да срушат неколку американски борбени авиони, но според последните информации, авионите биле погодени од пријателски оган, а пилотите безбедно се катапултирале. Од друга страна, министерот за надворешни работи на Иран, Арбен Арачки наговести дека неговата земја е подготвена за дека во оваа војна нема да има победник и таа мора да се реши со преговори. 

„Никој не може да ја доведе добрата намера, подготвеноста на Иран за дипломатија за разговори. Нема победник во оваа војна

Ако нивната цел е промена на режимот, тоа е невозможна мисија. Смртта на лидерот не значи промена на режимот или на политичкиот ситем“, изјави Арбен Арачки, министерот за надворешни работи на Иран.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговарал со сите светски лидери, но и лидерите од блискиот исток разубедувајќи ги завојуваните страни да седнат на преговарачка маса.

Очигледно одмаздата на Иран е преку удар на нафтената индустрија. Освен што го затворија ормутскиот тесцен, сега ги гаѓаат и рафинеријите, како таа на саудиската нафтена компанија „Арако“. Се прават проценки на штетата и се чека одлуката кога ќе продолжи со работата. Досега вкупниот број на жртви се искачи на над 500 луѓе.