Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Информативни денови за Оперативниот план за вработување во Велес и Неготино

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денес се одржаа во општините Велес и Неготино. Пред жителите на општините Велес и Неготино претставниците од министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од Оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемништво), каде јавните повици се објавени и сите заинтересирани можат да аплицираат до 20 јуни.

Во рамки на посетата на општината Велес, на присутните им се обрати и ги пренесе своите искуства од користењето на мерката за самовработување (претприемништво) Александра Карагирова, специјален едукатор и рехабилитатор. Таа преку користењето на оваа мерка во 2019 година го отвора Центарот за стимулација, раст и развој „Старс“, прв приватен центар од овој вид во вардарскиот регион кој нуди дефектолошки, логопедски и неурофидбек третмани.

Градоначалниците на Велес, Марко Колев и Неготино, Горан Стојанов ги повикаа жителите на овие општини да ги искористат поволностите од оваа мерка, како и од останатите мерки од Оперативниот план и да аплицираат на некој од јавните повици.