Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава изнесува 0,2  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Индексот на цените на мало во февруари во однос на јануари годинава изнесува 99,7.

Како што наведува ДЗС, индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2,9  проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 1,6  проценти.

Реклама

Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: Услуги за образование за 4 проценти, Облека и обувки за 1,1 процент, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,9 проценти, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,3 проценти, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2 проценти. 

Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0,8 проценти, Здравствена заштита за 0,6 проценту, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Информации и комуникации за 0,2 проценти, Ресторани и услуги за сместување за 0,1 процент. 

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.