Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Инцидентот во Центарот за социјални работи во Прилеп можеше да заврши многу потрагично

„Вчера не беше пукано само во прилепскиот Центар за социјални работи, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вчера не беше пукано само во прилепскиот Центар за социјални работи, туку и во 1.300 социјални службеници во земјава“. Се’ уште видно вознемирен по вчерашниот вооружен инцидент, директорот на ЦСР од Прилеп, Зоран Малковски, вели дека во неговата канцеларија вчера се одвивала 10- минутна вистинска заложничка драма, во која дури и тој бил мета на вооружената закана, откако 50-годишниот А.Ј., најверојатно незадоволен од претходно изречените мерки на Центарот при неговата бракоразводна парница, влегол вооржен и со намера да им се освети на инволвираните социјални работници.  

„Ги евакуирав странките кога ги слушнав колешките како довикуваат и викаат панично дека нешто се случува. Од другата врата влегов, успеав да го совладам и ги замолив колешките во тој момент да излезат од канцеларијата, меѓу кои и сега повредената колешка, за жал. Се расправавме и се боревме, на некој начин со сторителот, кој цело време имаше пиштол во раката. Меѓутоа, јас цело време сметав дека не е вистински пиштол, мислев дека е пиштол само со кој ги заплашува колегите“, – раскажува Зоран Малковски, директор на МЦСР, Прилеп.

Малковски вели дека не е свесен кога и како била повредена колешката. Но, сигурен е дека таа на некој начин можеби и била главната мета од причина што стортелот А:Ј: подолго време бил фокусиран на неа, а за што таа и го пријавувала до надлежните институции.

Реклама

„Колешката беше вклучена како водител на случај, да го работи случајот во бракоразводната постапка. По извесен период, бидејќи имаше некои недоразбирања, колешката беше иземена од случајот. Значи друг тим си ја презеде работата со случајот. Не знам од која причина, сторителот се фиксираше кон колешката, за цело време со погрдни зборови. Меѓутоа во периодите кога доаѓаше овде и вербално се закануваше, ние бевме тука да можеме да дадеме поддршка“, – објаснува Малковски.

Во знак на солидарност и поддршка за своите колеги, денеска социјалните работници од Прилеп, како и од повеќе градови од земјава, одржаа и полчасовен мирен собир пред установата.

Инаку, немилиот настан се случи вчера нешто пред 14 часот, кога 50-годишниот А.Ј. со пиштол ја застрела 36-годишната социјална работничка М.Ѓ. Притоа, тој испукал пет куршуми од оружјето за кое немал дозвола, а кај себе имал и нож. Повредената, за среќа, е надвор од животна опасност, а сторителот кој веднаш бил лишен од слобода, на 20-ти месецов избегал од Психијатриската болница во Демир Хисар, за што Центарот не бил воопшто информиран.