Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прес-релис

Иџе во Бузет: Големо финале на Европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната. Овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Игор Стефановски – Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната. Овој викенд, од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC).

По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка 45- Buzetski dani 2026, која традиционално привлекува голем број врвни европски возачи.

Официјалната листа на пријавени брои дури 242 возачи, а во Категорија 2, во која од оваа сезона настапува Иџе со новиот болид, се пријавени најдобрите имиња од европската елита.

Реклама

„Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе, кој со нетрпение го очекува настапот. Стефановски ветува спектакл за верната публика во Бузет.

Бузет има посебно значење за неговата кариера. Токму на оваа патека минатата сезона Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Оваа година предизвикот е уште поголем. Со преминувањето на Ново прото, Игор Стефановски – Иџе и официјално се пресели во Категорија 2, најпрестижната и технолошки најнапредната категорија во европскиот автомобилизам на ридски патеки.

Последниот викенд од европскиот шампионат носи нова битка, силна конкуренција и уште еден спектакл на легендарната патека во Бузет. Иџе е подготвен. Бузет и неговата публика го очекуваат. Македонија ќе има нова шанса да навива за својот шампион.