Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

И покрај резервите кај некои Европски држави, Македонија ќе ги прими вакцините на Астра Зенека

Македонија преку КОВАКС – механизмот ќе добие 103.200 анти – ковид вакцини.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија преку КОВАКС – механизмот ќе добие 103.200 анти – ковид вакцини. Според планот на овој механизам, сите дози кои ќе пристигнат во земјава ќе бидат од Астра Зенека. И покрај сомнежите кај голем дел од земјите од ЕУ дека не е доволно безбедна вакцината од овој производител и не се препорачува кај лица постари од 65 години – Македонија одлучи да ја прими вакцината, а дел од медиумите пренесуваат дека веќе е одобрена од регулаторните тела во земјава. Портпаролот на министерството за здравство вели ја примивме, но не одобрена.

Преку КОВАКС механизмот во регионот најмногу вакцини ќе добие Србија– 345.600 дози, БиХ 180.000, Албанија 141.600, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000. Првата фаза од дистрибуцијата вклучува 336 милиони дози од вакцината на Астра зенека/Оксфорд, како и 1,2 милион дози од вакцината на Фајзер/Баионтек. Но, планот е необврзувачки и може да се промени, стои во документот.
Инаку, Франција и Швајцарија одлучија засега да не ја одобрат вакцината на Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд поради немање доволно податоци за ефикасноста и ризиците од неа. Швајцарските здравствени власти велат дека откако ќе ги добијат резултатите од испитувањата, доколку се во ред можат веднаш да издадат одобрение за употреба иако имаат нарачано 5,3 милини дози од вакцината.

Норвешка е нова земја која ќе ја ограничи употребата да вакцината на Астра Зенека, со тоа што нема да овозможи вакцинирање на своите граѓани кои се постари од 65 години. Германија, Австрија, Шведска и Полска ја препорачуваат за лица до 65 години, а Италија и Белгија до 55.

Реклама

Вакцината на Оксфорд и „Астразенека“ е веќе одобрена во 50-ина земји и тие тврдат дека таа дава 76-процентна заштита три месеци после првата доза, што се зголемува со втората доза.

Викторија Миткова