Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Груевска-Илиевска: Судечкиот совет ќе направи се постапката за „Пулс“ да тече, колку ќе трае процесот никој не знае

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет за случајот со пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред почетокот на првото рочиште порача дека ќе бара дисциплина од сите странки и присутни во судницата, нагласувајќи дека за секое непотребно одлагање ќе следува санкција.

Судот, рече Груевска-Илиевска, ќе ја почитува тагата и болката на семејствата на загинатите и повредените, но судот ќе постапува професионално и ќе овозможи секоја од странките да ја изнесе својата теорија и да даде докази.

– Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме респект за тоа, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази. Како совет можеме да гарантираме дека колку што можеме ќе бидеме транспарентни и за се што се случува ќе бидете информирани, кажа судијката.

Реклама

Таа упати апел до семејствата, ако можат, да се организираат и по еден да присуствува на рочиштата за да се овозможат услови за работа.

Судот, посочи Груевска-Илиевска, не може да гарантира брзина на водењето на постапката затоа што, како што додаде, секое брзање може да доведе до грешка и до пропаѓање на процесот.

-Се што може овој совет ќе направи за оваа постапка да тече. Колку ќе трае процесот никој не знае,рече Груевска-Илиевска. По ова, судот премина на евидентирање на присутните во судницата. Присутни се десетмина обвинители, меѓу кои Борче Јанев, Владимир Милошевски, Даниел Коцев, Дарко Јакимовски, Снежана Бундалевска, Јасмина Коцевска, Маја Коневска, Анастасија Миланова, Гордана Тодорова и Славица Темелковска.

Заменик, односно втор судија ќе биде судијата Ахмед Идризи и четворица поротници, од кои еден резервен за да нема застој во постапката.

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки  денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, како и повеќе домашни и странски медиуми меѓу кои БНТ, ТРТ, Ројтерс, Асошиејтед прес.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.