Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Грчки доктор ги учи македонските хирурзи – хуманоста има едно име – Направена првата операција со навигациски систем за тотална протеза на колк во Македонија

Денес, на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, за прв пат во Македонија беше изведена операција со навигациски систем за вградување тотална протеза на колк.

Интервенцијата ја изведоа д-р Макридис Константос од Грција, д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ, д-р Дурим Асани, раководител на Ортопедија, заедно со стручниот тим на клиниката. За време на операцијата беше применета компјутерска навигација, која овозможува исклучително прецизно поставување на протезата со 3D визуелизација на колкот во реално време.

Покрај хирурзите, во процесот на едукација за користење на навигацискиот систем се вклучени и лекари и помошен медицински персонал, што овозможува поширока примена на оваа современа технологија во иднина.

Реклама

Во текот на денот се предвидени и три операции со навигациски систем за вградување протези на колена, при што во еден од случаите ќе бидат заменети двете колена истовремено – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (гонартроза) на колената.

Придобивки за пациентите од навигациската хирургија:

  • Подобра функционалност на зглобовите
  • Поголема стабилност и подолг животен век на протезите
  • Намален ризик од компликации
  • Побрзо закрепнување и побрзо враќање на секојдневните активности

Со оваа интервенција, Клиниката за ТОАРИЛУЦ дополнително се позиционира како водечки центар во Македонија, кој ги применува најсовремените светски стандарди во хирургијата на колк и колено.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: