Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Гранатиран Азербејџан, Иран вели по грешка

Азербејџан е новата држава што Иран ја вовлече во војната на Блискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Азербејџан е новата држава што Иран ја вовлече во војната на Блискиот Исток, откако ирански дрон погоди еден од аеродромите во азербејџанската енклава Нахчиван. Азербејџан постави дополнитлени сили на границата со Иран и вети одмазда.

Иран го негираше нападот. Велат, тие не гранатирале. Истото го тврдеа и за ракетата упатена кон Турција што беше соборена од НАТО. Го гаѓале Кипар, ама проектилот ја загубил рутата и тргнал во погрешна насока, беше нивното оправдување. Турција го прифати истото, но Портпаролот на Министерството, контраадмиралот Зеки Актурк, исткана дека ќе го подигнат борбеното ниво на највисоко ниво за да ја обезбедат безбедноста на своите граѓани и на својот воздушен простор.

Курдски милиции од Ирак и Иран разгледуваат можна копнена операција против иранските сили во западен Иран. Стравот од масовен ирански одговор врз Ирачки Курдистан го забавува носењето на одлуката што САД ја очекува.

Реклама

Паралалелно, Курдски трупи од Ирак, поддржувачи на американско – израелскиот пакт, почнаа копнена офанизава против Иран, а информациите се за над стотици жртви во борбите близу ирачко – иранската граница.

Земјите од Блискиот Исток им пренесоа на европските претставници дека се загрижени за можното избувнување на граѓанска војна во Иран како резултат на војната на Техеран со САД и Израел, изјави шефицата на европската дипломатија Каја Калас.

Во меѓувреме Доналд Трамп сам ќе одлучува за војната, откако Сенатот ја одби резолуцијата со која Трамп требаше да добие забрана за напади на своја рака.  Демократскиот сенатор Рафаел Варо се залагаше за мерката што ќе го спречи Трамп да објави војна.

Објавувањето војна не е овластување што го има претседателот на САД. Уставот јасно дава дознаење дека објавувањето војна е овластување и одговорност на Конгресот, изјави Варо.

Републиканскиот сенатор Џејмс Рис тврдеше дека Претседателот дејствувал во рамки на неговите овластувања

45 од последните 47 претседатели, што е се што имавме, наредиле кинетички дејствија исто како што направил Претседателот Трамп без да оди во Конгресот. Ова не е ново, рече Рис.


Израел тврди дека уништил 300 ракетни лансери, со што ракетните напади од Иран се намалуваат. Луѓето ќе се вратат на работа, а се размислува во скоро време да се отворат и училиштата, бидејќи Иран ја губи моќта.

Откако американска подморница потопи ирански воен брод, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арачки се закани, дека САД ќе зажали за тој чин. За засилување на поморските позиции, и особено делот на Средоземното море, италијанската премиерка Џорџиа Мелони, потврди дека  заедно со Шпанија, Франција и Холандија ќе испратат воени бродови во Средоземното море, пред сè за заштита на Кипар.

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Велика Британија испраќа четири дополнителни борбени авиони „Тајфун“ кои ќе се приклучат на британската ескадрила стационирана во Катар. Претходно и Германија, Франција ѝ Италија испраќаат воена помош и на земјите од Блискиот исток. Франција „времено“ им дозволи на американските и други авиони да ги користат нејзините бази на Блискиот Исток .