Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Граѓаните не можат да се помират со затворените гробишта за Задушница, обвинуваат за селективност на власта

Низ созли,со липтеж стружанка која сакаше да остане анонимна ни раскажа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низ созли,со липтеж стружанка која сакаше да остане анонимна ни раскажа што се случувало на христијанските гробишта во Струга,кога тргнала да го посети вечното почивалиште на својот татко.Иако свесна дека Владата забрани одење на гробишта,сепак како и многумина други, се упатила кон гробиштата каде во непосредна близина се наоѓа и џамија.Капиите на гробиштата каде што имало и обезбедување, биле затворени,а во џамијата-преполно народ.Се чувствувам вели деградирана и крајно понижена.

-Со свеќи во раце и со по едно цвеќе да не можеме да оставиме на гроб,како така сега, а џамијата преополна.И сега цел овој проблем се претвори политички, верски, се чепка таму каде најмалку треба да се чепка, во верата.Сега што е по опасно кажете ми, во џамија или на гробишта,на отворено со маски сите што дојдоа беа со маски.Јас не видов никој од џамија со маска да излезе и нема никој да лаже, видов со со свои очи немам потреба да лажам имам 50 години. Е сега како може за едни да важи,за други да не важи? Крајно понижена сум,изреволтирана до максимум .

Ова е едно големо промашување вели нашата соговорничка која ја прашавме дали за ваквата ситуација гледа одговорност?

Реклама

-Гледам, во неспосовноста на нашава Влада е тоа е, не се способни. Сеизбрзани одлуки,се нелогични одлуки.Еден апел до надлежните да размислат убаво што прават,да носат одлуки кои што се во интерес на цел народ, а не селективно,за едно вака за други така.Не може гробиштата да се затворени а џамијата да е отворена,како се чувствуваме сега ние христијаните? Никогаш ова нема да им го простам,општо се, ова е катастрофа што ни се случува во државава.

Охриѓани пак и во вакви мигови, маката ја лечат со црн хумор,дозволете ни барем да одиме на гробиштата, да имаме каде да излеземе пишуваат на социјалните мрежи, оти градот е преполн со жителите на градовите жаришта на корона. Оние кои ги затекнавме на риверата,ги прашавме дали сред ваква криза паметна е нивната одлука да дојдат во Охрид ,или пак мерките на Влада за справување со пандемијата се лоши?

Потегот е паметен, а мерката на Владата е лоша затоа што не ги затвори оние општини во Скопје каде што имаше најмногу заразени од корона вирусот.И мислам дека многу порано требаше да се почнува да се казнува и тоа драконски казни.Јас сум поборник на тоа дека требаше да се востановат драконски казни, со цел граѓаните да сватат дека нема шега.;

-Чим се покажуваат така лоши резултати очигдено е дека треба уште построго за нашава недисциплинирана нација;

-Охриѓани реагираат дека ќе го донесете вирист овде ? А како не, па нас кој ни го донесе и нас некој ни го донел,нема врска тоа, охриѓани

И покрај врнежливото време и денеска низ Охрид беше раздвижено, а на терен после силните критини се растрчаа и инспекциските служби.

Росица Голабоска