Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Градоначалникот Митески на увид во градежните активности на „Лисец“ во Горно Лисиче

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улицата Лисец – крак десно, во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект, со кој, по долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед, соопштија од локалната самоуправа. Од Општина Аеродром истакнаа дека со реконструкцијата директно се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улицата Лисец – крак десно, во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект, со кој, по долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед, соопштија од локалната самоуправа.

Од Општина Аеродром истакнаа дека со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите.

– Во рамките на проектот се поставува нов асфалт, се градат нови тротоари, а целиот потег добива уреден и модерен лик. Со проектот се реализира: целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри, поставување нов тампонски слој и нов асфалт, над 3.300 квадратни метри нова асфалтна површина, изградба на нови тротоари со површина од 1.400 квадратни метри – пишува во соопштението.

Реклама

Паралелно и во согласност со предвидената динамика, како што информираа од Општината, се реализираат и активностите на улицата Лисец – крак лево, со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива уреден, безбеден и современ изглед.

– Вредноста на проектот изнесува приближно 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата. Општина Аеродром продолжува посветено и одговорно да инвестира во инфраструктурата и во подобрување на условите за живеење во секој дел од општината, со цел создавање современа, функционална и уредена локална средина за сите граѓани – потенцираа од Општината.