Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски се сретна со амбасадорката на Словачка Ивета Хрицова

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Словачка Ивета Хрицова.

– На состанокот, во духот на пријателските односи меѓу двете земји, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, како и за можностите за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа, соопшти денеска Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја информирал амбасадорката за активностите што ги презема Општина Кисела Вода и ЗЕЛС во насока на подобрување на локалните услуги, нагласувајќи дека искуствата и поддршката од земјите-членки на ЕУ се од особено значење за македонските општини.

Реклама

-Имав чест да бидам домаќин на новоименуваната амбасадорка на Република Словачка Ивета Хрицова, со која разговаравме за можностите за споделување искуства и добри практики од ЕУ, кои ќе придонесат за развој на локалната самоуправа во Македонија. Словачка е пријателска земја која поминала низ процеси од кои ние денес можеме многу да научиме. Верувам дека оваа средба ќе биде основа за понатамошна соработка и поддршка, во интерес на граѓаните и подобрување на условите за живеење во општините, изјави Ѓорѓиевски.