Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската воздушна одбрана пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната.

Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но армијата веќе детектирала втор ракетен бран и е во состојба на целосна подготвеност.

Нападот ги опфати и соседните арапски земји. Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека нивните сили пресретнале седум балистички ракети и седум дронови над различни делови на кралството. Слични извештаи пристигнаа и од Кувајт, каде се соборени четири беспилотни летала, додека Обединетите Арапски Емирати ги активираа своите одбранбени системи и апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

Реклама

Воздушна тревога беше прогласена и во Бахреин, каде Иранската револуционерна гарда потврди дека една од главните цели била базата на Петтата флота на американската морнарица. Ситуацијата во регионот останува крајно напната, со постојана опасност од нови воздушни удари.