Македонија гори, последниве неколку денови пламени јазици пеплосаат низ цела држава,само вчера имало 13 пожари од кои сеуште е активен пожарот во велешко. Високите температури но и несовеснота на граѓаните кои палат што ќе стигнат, овој месец предизвикале 118 пожари. Загрижува бројот на пожари на кои се интервенирало до сега-од почетокот до годинава регистрирани се околу 1332 пожари што е повеќе од загрижувачки велат од ЦУК,укажувајќи дека работат со намалени ресурси,координирајќи со она што им е на располагање.
“Ако не се решат на брзина проблемите со оспособување на авионите на дирекцијата за заштита и спасување,ако дирекцијата не застане на здрави нозе во смисла системот да фунционира онака како што треба, тешко ќе се справуваме.Базираме исклучиво на трите хеликоптери на МВР кои во исто време се и оперативни хеликоптери за потреби на МВР и еден хеликиптер на армијата кој што без одлука на претседател на држава без соодветна процедура тој не може да се користи и употребува во вакви активности”-вели Горан Стојаноски од Центар за управување со кризи.
Противпожарните единици генерално во сите градови немаат капацитет сами да се справат со пожарите, а во овој поглед,активноста на “Национални шуми” е сведена на нула.

“Мора да нагласам дека тука ни фалат многу “Национални шуми” со оглед на нивниот буџет и немање сретства,оперативните планови им се ставени вон функција за справување со пожари.Не можат да интервенираат прво заради тоа што немаат пари за гориво,второ не им се одржувани теренските возила и трето немаат осигурување кое што е многу значајно.Во вакви услови вие да изнесете луѓе да гаснат пожар да им дадете наредба а не се осигурани,а недај Боже да се случи нешто, тоа е голем проблем”-вели Стојноски
Вчера доцна попладнето избувна голем пожар во струшко Делогожда кој поради непростапноста на теренот беше локализиран со помошна хеликоптерите на МВР.Во пожарот изгореле околу 5 хектари шума.Раководителот на струшката противпожарна едиица Фери Мазари со апел до граѓаните да се воздржат од секаков вид палење оти лесно можат да се прошират.Само вчера вели гасневме три пожари, а оваа недела ги имаше околи десетина.
Росица Голабоска
