Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на личните податоци на Комисијата за политички систем

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска, во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска, во рамките на 29-тата седница, ќе го разгледа годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година.

Како што се посочува во извештајот, предизвик за Агенцијата и понатаму останува недостигот на стручен кадар со посебен фокус на експерти од областа на заштитата на личните податоци и информатичките науки, кои се клучни за ефективната имплементација на законодавството за заштита на личните податоци.

Агенцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на својот независен статус, особено во делот на управувањето со човечките ресурси и обезбедување независни буџетски средства преку создавање соодветна регулаторна рамка. Во оваа насока, продолжува процесот за донесување на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци, со што ќе се обезбедат потребните ресурси за ефективно извршување на функциите и овластувањата на Агенцијата.

Реклама

Со цел дополнително унапредување на заштитата на личните податоци во 2024 година беше донесена и стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци за периодот 2025 – 2030, која ќе почне да се применува во наредниот период. Оваа стратегија претставува клучен документ за долгорочен развој и унапредување на механизмите за заштита на личните податоци во земјата обезбедувајќи континуитет и усогласување со европските стандарди.

На тој начин Агенцијата ќе продолжи да работи на обезбедување самостојно, независно и непристрасно функционирање во согласност со принципите на општата регулатива за заштита на податоците.