Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Го сменија името на Македонија и згазија по идентитетот, сега Филипче пак бара референдум за бугарските уцени

Го потпишаа Преспанскиот договор без да го прашаат народот. Го потпишаа Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го потпишаа Преспанскиот договор без да го прашаат народот. Го потпишаа Договорот за добрососедство со Бугарија не го прашаа народот. Го прифатија Францускиот предлог и се обврзаа на нови отстапки и повторно не го прашаа народот. Сега на Венко Филипче и на СДСМ им текна да бараат рефендум, народот да кажел дали треба да се откажеме од идентитетот за да влеземе во ЕУ.

Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Затоа граѓаните се единствени кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите кои живеат во државата”, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Инаку по потпишувањето на Преспанскиот договор владата на СДСМ и ДУИ по притисок на граѓаните мораше да распише рефендум. Но, и по покрај тоа што рефендумот пропадна со што граѓаните јасно ставија до знаење дека се против, Владата на СДСМ и ДУИ го сменија името, преку невиден притисок на Собранието.

Реклама

ВМРО ДПМНЕ,пак уверуваат дека Бугарија има пошироки барања од уставните измени. Потсети ја  на скандалозните изјави на Радев поврзани со македонската историја. Румен Радев досега има изјавено дека Гоце Делчев, Јане Сандански, и основоположниците на словенската писменост Кирил и Методиј, се Бугари. Од ВМРО велат дека Филипче никогаш јавно не ги осудил изјавите на Радев кои директно задираат во македонскиот идентитет и историја.

Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува. Радев вели дека пред 1945 година сме биле Бугари, Филипче не осудува. Македонската историја надалеку позната и прочуена како бугарска, Румен Радев ја претставува како бугарска, а Филипче не осудува. Зошто ова што го говориме е многу важно? Затоа што вие имате право да знаете какви отстапки би следеле понатаму доколку СДС и Филипче повторно добијат можност да одлучуваат за државните позиции, вели Валентин Манасиевски, портопарол на ВМРО ДПМНЕ.

Главна потлитичка тема деновиве се препукувањата меѓу власта на темата за македонските евроинтеграции и бугарското прашање. По седум неуспешни избори, овој месец Румен Радев успеа да формира влада. Инаку, тој важи за архитект на бугарскот вето и на барањето Македонија да го смени Уставот, ставајќи ги Бугарите во него.