Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Го креираа францускиот предлог, ама сега од СДСМ обвинуваат дека Владата тајно преговарала

Пред четири години СДСМ, како носител на извршната власт, без проблем, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред четири години СДСМ, како носител на извршната власт, без проблем, и покрај народното несиогласување, го прифати Францускиот предлог, а сега предупредува дека актуелната Влада ќе го сторела истото. Односно, од редовите на оваа партија го обвинија министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека преку тајна дипломатија и тајни преговори испратил јасни сигнали до Брисел, Париз и Берлин, дека владата е подготвена да го прифати Францускиот предлог.

Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму“, вели Андреј Жерновски од СДСМ.

Реклама

Од МНР демантираат дека се води тајна димпломатија, потенцирајќи дека нема да се прават отстапки на националните интереси – за разлика од минатата власт која удри по идентитетот.

Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена.Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада“, истакнаа од МНР.

Инаку, Владата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, во 2022 година и покрај масовните протести во Скопје и институционалното противење на опозицијата во тоа време предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го прифати т.н. Француски предлог, со што беше отворен патот за билатеризацијата на преговарачката рамка со ЕУ и соочувањето со максималистичките барања на Бугарија, во врска со јазикот и историјата на македонскиот народ.