Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел – трајно решение во борбата со депониите

Мега парк од 50.000 м² во Бутел, најави градоначалникот на Град Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мега парк од 50.000 м² во Бутел, најави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како трајно решение во борбата со депониите.

-Таму каде што со години се трупаше отпад, создаваме простор за детски насмевки, семејни прошетки, спорт и дружење. Децениската негрижа ја претвораме во зелена гордост на Скопје. Со Дарко Костовски дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес, тој збор го исполнуваме со работа и видливи резултати. Затоа што довербата на народот се заслужува со дела – напиша скопскиот градоначалник на својот Фејсбук профил.

Појаснува дека долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, првиот дел од 8.000 м² е целосно завршен, со зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони.

Реклама

– Паралелно работиме на преостанатите 42.000 м², со целосно хортикултурно уредување и содржини за сите генерации. Паркот ќе има и сопствен систем за наводнување со техничка вода, за долгорочно одржување на зеленилото. Со уредувањето на овој простор создаваме трајно решение против повторното формирање депонија. Вложуваме во почист воздух, поздрава животна средина и поквалитетен живот во секое маало. Бутел добива ново зелено срце. Скопје добива уште едно место за гордост.
Скопје го правиме заедно – пишува Ѓорѓиевски на ФБ.