Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Македонија

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната трансформација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и во аспекти на реформата на јавната администрација. Честитки, драг мој Тимчо!, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, осврнувајќи се на напредокот што го постигнаа земјите-кандидатки за членство во Европската Унија.

Шефот на грчката дипломатија е домаќин на состанокот на кој присуствуваат министрите за надворешни работи на шест земји-членки на Европската Унија и на шесте партнери од Западен Балкан, меѓу кои и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и еврокомесарката за соседство и проширување, Марта Кос, додека пак потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас не дојде во Атина поради штрајкот во воздушниот сообраќај во Белгија.

На почетокот на пленарната седница, во воведното обраќање, Герапетритис говореше за моментумот што постои на европскиот пат на земјите од регионот, посочувајќи дека потребно е да се одржи, да се искористи, но и дополнително да се зајакне, изрази задоволство што за конкретниот состанок има одзив и интерес, но и ја повтори грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, што започна со Солунската агенда од 2003 година.

Реклама

Темата на сесијата е одржување на моментумот во проширувањето, а шефот на грчката дипломатија посочи дека моментумот веќе постои, што го потврдуваат интензивните тековни дискусии во пресрет на следното проширување, дискусии, како што рече, насочени кон потребните институционални решенија и начините за понатамошна поддршка на европскиот пат на нашите партнери.

– Аристотел рекол – а јас често го повторувам овој цитат, бидејќи многу ми се допаѓа – дека целината е поголема од нејзините делови. Токму така ја опишуваме важноста на проширувањето и за Европската Унија и за партнерите од Западен Балкан. Понекогаш забораваме дека проширувањето е подеднакво важно и за самата Европска Унија, бидејќи тоа ја одразува волјата на народите кои се пред портите на Унијата да станат дел од нашето европско семејство. Пристапувањето на Западен Балкан кон Европската Унија, како што сите препознаваме, претставува инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, посочи Герапетритис.

Додаде дека регионот ќе има корист од трансформативниот карактер на ова пристапување, а интегрирањето во Европската Унија, според него, „ќе има значајна улога во зајакнувањето на самата Унија“.

– Западен Балкан се наоѓа на исклучително чувствителен геополитички крстопат, стратешки позициониран меѓу Источна Европа и Источниот Медитеран – два региона кои, за жал, претставуваат жаришта на меѓународни кризи. Западен Балкан е неопходен за заокружување на политичкото единство на нашиот континент и за воспоставување географски континуитет на Европската Унија. За сите нас, земјите од Западен Балкан се наши непосредни соседи, со кои споделуваме предизвици и заедничка иднина. Токму затоа моментумот мора да се одржи и дополнително да се зајакне, нагласи шефот на грчката дипломатија.

За денешниот состанок рече дека целта е отворена размена на мислења за постигнатиот напредок, актуелните предизвици и најдобрите начини за понатамошно дејствување.

Нагласи дека „навистина е постигнат значителен напредок“ и се осврна на секоја земја посебно, упатувајќи честитки до министрите.

Герапетритис посочи дека подеднакво важни се и добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право за „градење доверба што е неопходна меѓу земјите членки во една проширена Унија“.

– Како најстара земја членка на Европската Унија во регионот, Грција нема да штеди напори за поддршка на европските аспирации на Западен Балкан, особено во пресрет на нашето претседавање со Советот на Европската Унија во 2027 година. На тој начин ќе обезбедиме Унија на рамноправни членки, со сите права и обврски што произлегуваат од членството, порача шефот на грчката дипломатија.

Во пресрет на денешниот состанок, министрите за надворешни работи на шесте земји од ЕУ и шесте од регионот, синоќа имаа неформална вечера, за што Герапетритис рече дека имале можност да разменат мислења „во една понеформална атмосфера, што секогаш е најпријатниот начин за меѓусебна комуникација“.

Состанокот започна рано утрово, а на маргините, министрите одржуваат билатерални средби.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.