Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Генералното собрание на НПЛД во 2027 година ќе се одржи во Албанија

Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во Стокхолм, Шведска, го прифати предлогот на Македонското друштво „Сонце“ следното Генерално собрание на НПЛД во 2027 година да се организира во Албанија, во соработка со друштвото. 
 
-Пред делегатите на Генералното собрание имав чест да го претставам предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, а предлогот беше едногласно прифатен. Ова претставува историски и значаен момент за Македонците во Албанија- информираше Васил Стерјовски претседател на друштвото. 


Додаде дека повеќе од 100 учесници од цела Европа, експерти од Советот на Европа, Европската комисија, универзитети и организации на малцинствата, како и високи претставници на регионални власти и институции одговорни за политиките за регионални и малцински јазици, ќе дојдат во Албанија и директно ќе се запознаат со положбата, предизвиците и правата на Македонците во Албанија. 
 
-Ова е голем успех за македонската заедница, бидејќи прашањето за положбата на Македонците во Албанија го издигнуваме на европско ниво. Со ова, нашиот глас станува дел од европските институции и политики за заштита на малцинските права и јазичната разновидност, оценува Стерјовски, изразувајќи искрена благодарност  НПЛД за довербата и поддршката.  
 
Македонското друштво „Сонце“ во 2024 година стана членка на оваа престижна меѓународна мрежа, со седиште во Брисел, во која членуваат автономни региони, универзитети и организации на малцинствата од цела Европа.  
 
-За краток период успеавме да станеме доверлив и почитуван партнер во ова европско семејство. Голема благодарност упатуваме и до Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто, кое нè поддржува и ја покрива членарината на Македонското друштво „Сонце“ во оваа престижна мрежа за малцински права, вели тој. 
 
Стерјовски порачува дека продолжуваат „достоинствено, европски и обединето, за правата, идентитетот и иднината на Македонците во Албанија”.