Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Генерал-мајор Лафчиски на 19. Конференција на началници на генералштабови на балканските земји во Грција

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни во Солун, Република Грција, учествува на 19. Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата. – Годинашната конференција, на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни во Солун, Република Грција, учествува на 19. Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата.

– Годинашната конференција, на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Грција, генерал Димитриос Купис (Dimitrios CHOUPIS), кој во своето воведно обраќање ја истакна потребата од унапредување на регионалната соработка и зајакнување на отпорноста на општествата во услови на современи безбедносни предизвици – пишува во соопштението.

Генералот Лафчиски во своето обраќање истакнал дека „како воени лидери, мораме да ги адаптираме нашите доктрини, обука и стратешка култура на современите реалности“, додавајќи оти „иднината на војувањето ќе продолжи брзо да еволуира, но, без разлика на тоа како технологијата го менува карактерот на конфликтот, еден принцип мора да остане непроменет: заштитата на цивилите мора да остане во јадрото на секоја воена и политичка одлука“. Во оваа прилика, генералот Лафчиски потенцирал дека нашата држава останува цврсто посветена на регионалната соработка на Балканот, нагласувајќи дека „дијалогот, партнерството и колективната подготвеност остануваат основите за превенција од кризи и заштита на населението“.

Реклама

На конференцијата дополнително се дискутирало за предизвиците поврзани со цивилната заштита, отпорноста на општествата, примената на нови технологии и иновации, како и за механизмите за регионална соработка во справувањето со кризи и вонредни состојби.

Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски остварил и билатерални средби (pull aside) со дел од началниците на генералштабовите на балканските земји и дел од командантите на командите на НАТО.

– На конференцијата, покрај началниците на генералштабовите на земјите од Балканот, присуствуваа и министерот за национална обрана на Република Грција, Антонис Давакис (Athanasios DAVAKIS), директорот на Дирекцијата за иновации, одбранбена индустрија и вооружување со седиште во НАТО, д-р Никос Лутас (Nikos LOUTAS), како и командантот за операции на поморските сили на ЕУ ASPIDES (EUNAVFOR ASPIDES), адмиралот Василиос Грипарис (Vasileios GRYPARIS). Форумот „BCHOD“ е основан на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „The Terms of Reference of the Balkan Countries’ CHODs Conference on Military Cooperation“ од страна на началниците на генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Главната цел на оваа иницијатива е промоција на стабилноста, соработката и добрососедството на земјите во регионот. Домаќин на следната 20. Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), ќе биде Република Србија – се додава во соопштението.