Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Гаши во Вашингтон на панел-дискусија за регионалната интеграција, истакнато значењето на нашата држава како фактор на стабилност

Значајната улога на Македонија како фактор на стабилност во регионот денеска била…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значајната улога на Македонија како фактор на стабилност во регионот денеска била нагласена на панел-дискусијата посветена на регионалната економска интеграција во Југоисточна Европа, организирана од престижниот Атлантски совет, на која учествуваше претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој е во работна посета на Вашингтон.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на дискусијата биле нагласени и важноста на инфраструктурните проекти и продлабочената соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Учесниците ја потенцирале регионалната интеграција како клучен предуслов за одржлив развој и напредок кон Европската Унија.

Во рамките на посетата Гаши оствари средба и со Макс Приморац, виш истражувачки соработник во Центарот за слобода „Маргарет Тачер“ при Фондацијата „Херитиџ“, на која се разговараше за значењето на силните институции, вредностите на слободата и улогата на трансатлантското партнерство за мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Реклама

– Отворениот и конструктивен дијалог со нашите американски партнери е од суштинско значење за унапредување на демократските вредности и јакнење на регионалната стабилност – посочи Гаши.