Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза  

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.

Како што рече, во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.

– Разговаравме за клучниот настан за кој сме тука – чествувањето на светите Кирил и Методиј, но исто така зборувавме и за релациите што ги имаме на државно ниво помеѓу Ватикан и нашата држава. Од двете страни беше истакнато дека релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи. Секако, напоменавме дека двата клучни столба на нашите релации се засноваат на чествувањето на светите Кирил и Методиј, а исто така и Мајка Тереза како една од личностите што ги поврзуваат овие две престолнини – истакна претседателот на Собранието, Гаши, кој ја предводи државно-цковната делегација за чествувањето на свети Кирил во Рим. 

Реклама

На аудиенцијата Гаши на понтифот му врачил два подароци – државниот порадок беше мермерна скулптура „Перо“ на вајарот Андреј Митевски, како и личен подарок – кавал изработен од Бобан Анакиев. Гаши го избрал кавалот како симбол на традицијата и инструмент што ги поврзува различните заедници и култури во нашата земја. 

Во собраниската делегација на аудиенцијата беа и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“, Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Беким Ќоку, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, потоа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, митрополитите г. Пимен и г. Георгиј и отец протојереј ставрофор Зоран Стојанов, претставник од Католичката црква.

Координаторите на пратеничките групи упатија пораки на заедништво и соработка. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека тоа што на посета на Светиот Престол по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј заедно присуствувале координаторите на пратеничките групи во Собранието покажува заедништво во целта за која се дојдени во Ватикан.

– Да пратиме порака за соработка и заеднички подобрување на состојбите во државата – порача Мицевски.

Координаторот на пратеничлката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека е огромна честа и можноста што денеска ја имале да бидат на аудиенција кај папата Лав XIV по повод светите Кирил и Методиј.

-Тие се врската помеѓу двете земји и сметам дека Собранието денеска преку заедништво покажува за важноста на сесловенските просветители, но и средбата со папата покажува за продлабочување на нашите односи и за меѓусебната поддршка – истакна Спасовски.

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Гаши утре, ќе му оддаде почит на св. Кирил на неговиот гроб во црквата „Сан Клементе“ во Рим, каде што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и свештенослужители ќе одржат молебен за сесловенскиот просветител и творец на словенската писменост.