Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

ФЗО најавува нови реформи и развој на здравствениот систем

Доктори хирурзи во јавното здравство земаат и до 120 илјади денари плата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доктори хирурзи во јавното здравство земаат и до 120 илјади денари плата, а не фатиле скалпел во рака со месеци.Тоа најчесто се прави во болниците од внатрешноста, каде што немаат никакви услови да оперираат, а докторите сами си пишуваат измислени операции за кои покрај платата зимаат и додатоци од државата. Анализата на Фондот за здравство покажува дека во јавното здравство работат околу 19 илјади здравствени работници. Огромен дел од парите кои болниците ги добиваат од фондот за здравство одат за дежурства, ноќна работа и различни додатоци на плата…Најголеми додатоци фондот им плаќа на клиниките со 24-часовна работа – државната Кардиохирургија, Радиологија и Клиничката болница во Штип. Според директорот Клековски, болниците не ги оправдуваат парите што се прелеваат од Фондот.

„Наш став е дека тоа што следува треба да се исплаќа, но не смеат да се оставаат сиви зони кои создаваат простор за нееднакво постапување“,кажа тој.

Освен неоправданите пари кои се слеваат од фондовската здравствена каса, јавното здравство се соочува и со повеќе од 1.800 тужби од вработени во здравството. Тоа болниците ги чини над два милиони евра. Најмногу побарувања има од клиничката болница во Битола, а најголем број тужби имаат поднесено вработените од општата болница во Куманово.

Реклама

„Тужбите најчесто произлегуваат од проблеми во примената на Законот за работни односи и колективните договори. Реалниот финансиски товар врз јавното здравство може да биде и поголем, бидејќи дел од постапките сè уште не се завршени“,рече Клековски.

Според Клековски, загрижувачки е и трендот на нови тужби. Само здравствен дом Кратово најавил околу 65 нови тужители во 2026 година, со проценета вредност  на барањата од над 3,5 милиони денари. Најмногу тужби има за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени и државни празници.