Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Функционери од власта заработија кривични пријави- Боки 13 утринава добил порака да не збори многу

Функционери од власта заработија кривични пријави од Боки 13. Кои се тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционери од власта заработија кривични пријави од Боки 13. Кои се тие засега не може да се каже оти било предистражна постапка. Јовановски од Шутка беше спроведен во Обвинителството, каде детално ги објаснуваше делата поради кои бара кривичен прогон за повеќе луѓе. Ова го најави уште по изрекувањето на пресудата за „Рекет“, кога порача- рекетираните пари во Македонија да се бараат кај браќата Зоран и Вице Заев.

-И едни и други и повеќе не ме прашувајте, и од еден и од друг калибар, законот ме обврзува и не можам да коментирам. Не е фер, не не е фер, не е законски да коментирам за кого, толку може да добиете, во смисла и од еден и од друг калибар, изјави Сашко Дукоски, адвокатот на Боки 13.

Како што кажа адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски, кривичните пријави се поднесени за повеќе дела.

Реклама

-Станува збор за кривични дела измама злоупотреба на службена положба и овластување, давање на лажен исказ, противзаконито влијание, изјави Дукоски.

Се уште останува непознато дали по овие кривични пријави, тесно поврзани со „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ ќе постапува Основното или пак Обвинителството на Русковска.

-Дали ќе завршат во Обвинителството за организиран криминал? Тоа не знам. Во зависност правната оценка на ова Обвинителство, дали станува за дејствија кои би можеле да се подредат под надлежноста на Обвинителството за организиран криминал или на ова Обвинителство, изјави Дукоски.

По пресудата за случајот „Рекет“, за што Боки 13 доби 9 години затвор, тој најави дека во наредниот период ќе открие вмешаност на високи владини функционери во криминални дејствија.

Инаку, утринава адвокатот на Јовановски, добил телефонски повик од непознат човек, преку кој била испратена порака до Боки 13 која гласела „таму кај сте што нека не лае многу, нека не збори многу“, вели за Алфа, Дукоски.

Матеја Петровски