Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Фудбалски спектакл – стартува мундијалот во САД, Мексико и Канада

Денеска започнува 23 то светското првенство во фубдал и ќе трае до 19 јули, ќе се играат рекордни 104 натпревари а ќе настапат 48 репрезентации, повеќе од кога било претходно.  Првенството ќе се одигра во три земји, САД, Канада и Мексико на 16 стадиони а ќе учествуваат повеќе од 1200 играчи. Иако оваа година Македонија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска започнува 23 то светското првенство во фубдал и ќе трае до 19 јули, ќе се играат рекордни 104 натпревари а ќе настапат 48 репрезентации, повеќе од кога било претходно.  Првенството ќе се одигра во три земји, САД, Канада и Мексико на 16 стадиони а ќе учествуваат повеќе од 1200 играчи. Иако оваа година Македонија не успеа да учествува поради изгубениот бараж, македонските граѓани имаат свои фаворити на мундијалот.

„Па прво за екс-ју репрезентации Хрватска Босна а сите ќе ги гледаме, што е интересно од европскиве, фаворит за мене е Франција.“

„Па, португалија“

Реклама

„Знам денеска дека ќе има светско првенство, ќе навивам за Хрватска“

Фудбалските фанови кај нас ќе го следат првенството на малите екрани дома, но и на отворено…Кафулињата и меаните како секоја година се подготвени за страсните навивачи кои доаѓаат друштвено да го гледаат омилениот спорт.

„Па се спремаме. Генерално еве го имаме и телевизорот само што ни го ставија… многу добро искуство ќе биде генерално“

Светското првенство започнува вечерва во 21 часот со меч помеѓу Мексико и Јужна Африка, а официјалното отворање ќе започне со концерт на пејачката Шакира. Браниител на светскиот троне Аргентина, а освен традиционалните моќни фаворити, меѓу кои по трет пат едноподруго ја нема Италија, се и неколку дебитанти, како Курасао, Зелено’ртските Острови, Узбекистан и Јордан. Оваа година од регионов ќе се натпреваруваат Босна и Херцеговина и Хрватска за светската титула.

Бојан Таневски