Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Финансиска поддршка од ИВЦ за македонските компании

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) која е дел од Светската Банка ја препознава Македонија како стабилен партнер, пред се со растот на економијата во првиот квартал, потврди Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска. Државава од финансиската институција очекува поддршка во модернизација на преносниот систем за струја, изградба на когенеративни централи, системи за складирање на струја и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) која е дел од Светската Банка ја препознава Македонија како стабилен партнер, пред се со растот на економијата во првиот квартал, потврди Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска. Државава од финансиската институција очекува поддршка во модернизација на преносниот систем за струја, изградба на когенеративни централи, системи за складирање на струја и енергетска транизиција. Покрај очекуваната финансиска  поддршка потребна е и поддршка во експертиза и менторирање на овие теми смета Кочоска.

„Во таа насока, ја поздравуваме поддршката за реализација на крупни инвестициски проекти, вклучително и развој на ветерниот парк кај Штип, како и инвестициите во индустриската модернизација и декарбонизација. Тие директно придонесуваат за нови работни места, трансфер на технологии и зајакнување на конкурентноста. Истовремено ги поздравуваме активностите на ИФЦ (IFC) за унапредување на инвестициската клима и поддршка на реформите кои ја зголемуваат атрактивноста на земјата за домашни и странски инвеститори и придонесуваат за повисок економски раст“, ијзави Кочоска

За меѓународните кредитори, растот на македонската економија дава сигурност и стабилност.

Реклама

Со проценетиот раст од 3.5 проценти ова е одлична можност да се преточи макроекеономската стабилност во повеќе и посилни приватни инвестиции за поголем раст“, рече Вибке Шлоемер, регионална директорка на „ИФЦ“

Експертите од Светска Банка ја пофалија и македонската енергетска стратегија во моментов.

„Земјата има одличен потенцијал да произведе повеќе од сопствената енергија, со користење на домашни ресурси, особено ветерна и соларна енергија. И ова е важно бидејќи побарувачката за електрична енергија се предвидува да порасне за 26 проценти до 2040 година“, додаде Шлоемер.

Македонија има знаење и експертиза во делот на производството, особено со знаењето кое го донеле странските компании во државава. Со самото тоа кредиторите очекуваат дополнителен раст на економијата, но и можности за повисоко ниво на додадена вредност, како и проширување на екосистемот со комбинација на извоз од домашни и странски компании.